Ракометарите на Охрид вечерва во Прага го одиграа реванш-дуелот против Дукла Прага во рамки на осминафиналето од ЕХФ Европски куп, но натпреварот покрај спортската драма донесе и момент за паметење.
На паркетот се случи сцена која ги разнежни сите присутни во салата. Валентин клекна пред својата избраничка Јована и ѝ го постави најважното прашање, а таа без двоумење го изговори судбоносното „Да“. Трибините еруптираа во аплауз и овации, претворајќи го спортскиот спектакл во вистинска бајка.
Ракометниот клуб од Охрид подоцна сподели фотографии од емотивниот чин, кој засекогаш ќе остане дел од нивната европска приказна – вечер кога љубовта засја посилно и од рефлекторите во салата.

Leave a Reply