Фудбалерите на Работнички конечно се израдуваа на триумф, откако во 19. коло од Првата македонска фудбалска лига славеа на гостувањето кај Брера Струмица со убедливи 4-3. За „романтичарите“ ова беше само втора победа сезонава, но и прва на гостински терен.
Натпреварот започна со рано водство на скопскиот тим. Езеб уште во петтата минута ја искористи првата посериозна можност и донесе предност од 1-0. Домаќините возвратија во 18. минута преку Миле Тодоров, кој погоди за израмнување. Сепак, пред истекот на првото полувреме повторно на сцена стапи Езеб и со својот втор погодок обезбеди ново водство за гостите.
Со 2-1 Работнички замина на одмор, а веднаш по почетокот на вториот дел практично го реши прашањето на победникот. Во 51. и 52. минута следуваа два брзи гола за убедливи 4-1 и мирна завршница. До крајот Брера до крајот само го ублажи поразот.
Интересно е што овој резултат е идентичен како на претходниот помеѓу овие две екипи со тоа што тогаш Брера на гости во Скопје победи со 4-3.
Оваа победа е прва за Работнички по серијата од седум последователни порази во шампионатот, а воедно и прв гостински триумф сезонава. На табелата скопскиот состав останува претпоследен со 10 бодови, девет помалку од ФК Македонија Ѓорче Петров и ФК Пелистер, додека Брера е шеста со 23 освоени бода.

Leave a Reply