Вардар го декласира Работнички во скопското дерби

Вардар продолжи со сигурните настапи во Првата лига и запиша убедлива победа во градското дерби против ФК Работнички (3-0).

Избраниците на Вардар тргнаа силно уште од првиот судиски свиреж. Иницијативата брзо вроди со плод, па Закариќ во осмата минута ја отвори серијата голови, носејќи рана предност за својот тим. Само неколку минути подоцна, Омерагиќ ја удвои предноста, оставајќи го ривалот во незавидна позиција уште во раната фаза од средбата.

Екипата од Дебар Маало не успеа да најде одговор на разиграните вардарци. „Романтичарите“ делуваа безидејно и тешко создаваа шанси, што беше казнето и во второто полувреме. Во 48. минута Цветковиќ ги постави конечните 3-0.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *