Млад македонски голман ќе брани за Партизан!

Младиот македонски голман Павел Трајковски направи значаен исчекор во својата кариера откако официјално стави потпис на договор со српскиот гигант Партизан.

Досегашниот чувар на мрежата на Македонија Ѓорче Петров, каде што се развиваше во младинската академија, ќе ја продолжи својата фудбалска приказна во Белград. Во првата фаза од ангажманот, Трајковски ќе биде дел од тимот до 19 години, каде што ќе има можност дополнително да се докажува и напредува.

Со своите сигурни интервенции меѓу стативите, Трајковски веќе го привлече вниманието и на национално ниво. Тој ги мина сите младински селекции на Македонија – од генерацијата до 15 години, па сè до актуелната репрезентација до 19 години, каде што редовно добива повик.