Македонија доби тешка група во Лигата на Нации!

Денеска во Брисел беа извлечени групите за новата сезона во Лигата на Нации во која Македонија за првпат од формирањето на ова натпреварување ќе игра во Лига „Б“ што е напредок во однос на претходната сезона во која се натпреварувавме еден ранг подоле.

Ждрепката ја дочекавме од четвртиот шешир каде што беа уште селекциите на: Шведска, Северна Ирска и Косово, тоа значеше дека со овие три репрезентации не можеме да играме во групата. Топчињата сакаа Македонија да добие тешка група со селекциите на: Шкотска, Швајцарија и Словенија

Новата сезона во Лигата на нации ќе стартува на 24 септември и ќе трае до 17 ноември, кога ќе се одиграат последните натпревари од групната фаза. Во септември, октомври и ноември се предвидени по две кола месечно. Четвртфиналните пресметки и плејофот ќе се играат од 25 до 30 март 2027 година, завршниот турнир во А-лигата е закажан од 9 до 13 јуни 2027, додека баражот за Европското првенство ќе се одржи од 23 до 28 март 2028 година


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *