Булатовиќ со хет-трик го реши Работнички, реми на Брера и Македонија Ѓорче Петров

Екипата на Пелистер освои важни три бода во битката за опстанок против Работнички славејќи победа со 4-1 во денешниот натпревар од 17. коло.

Херој на битолскиот тим беше српскиот напаѓач Лука Булатовиќ кој ги постигна сите три гола. Натпреварот беше отворен во 16. минута кога постигна својот прв погодок, додека во 34. се погрижи за 2-0.

Работнички две минути подоцна преку Демири од пенал намали на 2-1 и тоа беше резултатот со кој се замина на паузата.

На почетокот од вториот дел по само четири минути Булатовиќ го постигна и својот трет гол за да комплетира хет-трик, додека во финишот Керим ги постави конечните 4-1.

Во вториот натпревар кој исто така беше дуел на две екипи од долниот дел на табелата денеска Брера и Македонија Ѓорче Петров во Струмица ги поделија бодовите одигрувајќи 1-1. Двата гола беа постигнати во првото полувреме, а стрелци беа Петровиќ и Пецов.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *