Откриено зошто не бил поништен голот на Лидс против Челси (Видео)

Челси испушти предност од два гола разлика во дуелот против Лидс во рамки на Премиер лигата, а натпреварот дополнително се вжешти поради контроверзен момент при вториот погодок на гостите.

Според реакциите од теренот, топката претходно удрила во раката на еден од фудбалерите на Лидс, но судиите решија да го признаат голот.

Набргу следеше и став од поранешниот претседател на судиската организација во англиската елита, Кеит Хакет. Според него, погодокот не бил поништен бидејќи станувало збор за „ненамерна игра со рака“, што според актуелните правила не секогаш е доволна основа за поништување на гол.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *