Тага во домот на Мохамед Салах – почина член на неговото семејство

Дедото на фудбалската ѕвезда на Ливерпул и египетската репрезентација, Мохамед Салах, починал во Египет, објавија повеќе странски медиуми.

Станува збор за мајчиниот дедо на Салах, Ахмед Абдел Азиз Ал-Бамби, кој починал во својот дом во родното село Нагриг, по здравствени проблеми.

Погребот бил извршен во присуство на најблиското семејство и жители од селото.

Поради професионалните обврски со Ливерпул, Мохамед Салах не присуствувал на погребната церемонија, но бил во постојан контакт со семејството.

Клубот и навивачите на Ливерпул преку социјалните мрежи испратија пораки со поддршка до египетскиот напаѓач во овие тешки моменти.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *