Најава за уште подобри денови: Осогово се пофали со нов голем спонзор!

by

in

Фудбалскиот клуб Осогово доби значајна поддршка во пресрет на продолжението од вториот дел на сезоната во Втората лига, откако во клубот официјално влезе нов спонзор.

Кочанскиот второлигаш преку своите официјални канали на социјалните мрежи информираше дека потпишал соработка со компанијата „КБ Инвест АД Скопје“, чие име отсега ќе биде истакнато на дресовите на Осогово.

Новата опрема веќе беше промовирана на терен, откако Осогово настапи со неа на натпреварот против Вардар, а истите дресови ќе се користат и во продолжението од натпреварувачката сезона.

По одиграните 15 кола во Втората лига, Осогово се наоѓа на осмата позиција на табелата со 24 освоени бодови. Иако шансите за вклучување во борбата за промоција се минимални, новото спонзорство се очекува да донесе дополнителна стабилност и сигурност во функционирањето на клубот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *