Бобан Николов е пред враќање во редовите на Вардар, откако официјално го раскина договорот со романскиот прволигаш Фарул.
Романскиот клуб преку своите официјални канали соопшти дека соработката со Николов е прекината, што практично ја отвора вратата за негов кам-бек во најтрофејниот македонски клуб, каде што се очекува наскоро и официјална промоција.
Николов беше дел од Вардар во периодот од 2015 до 2018 година, по што ја продолжи кариерата во странство настапувајќи за Шериф Тираспол, ФЦСБ, Кишварда, Борац Бања Лука и други европски клубови.
Инаку, „црвено-црните“ веќе активно се засилуваат во овој преоден рок, откако претходно беа договорени и ангажманите на Дарко Велковски, Стефан Цветковиќ и Хоакин Торес.

Leave a Reply