Милан почна преговори со Ковачиќ

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан покажува силен интерес за хрватскиот репрезентативец, Матео Ковачиќ.

Според најавите „сините“ се спремни да го пуштат 28 годишниот Ковачиќ на кого договорот му истекува следното лето, па ова ќе биде последна шанса за продажба.

Милан го гледа Ковачиќ како идеален лидер на средината на теренот, човек со искуство кој би можел да ја стабилизира играта и да внесе цврстина. Особено бидејќи Хрватот одлично ја познава Серија А, каде што некогаш го носеше дресот на Интер.

„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со агентите на Хрватот и сакаат да го донесат на лето.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *