Познат составот на Македонија за решавачкиот меч против Романија (Фото)

Македонската ракометна репрезентација денеска од 18 часот ќе го одигра решавачкиот натпревар од групната фаза на Европското првенство, во кој за ривал ќе ја има селекцијата на Романија.

Селекторот Кире Лазаров беше принуден да направи корекција во составот, откако поради повреда отпадна Петар Атанасијевиќ. Неговото место го зазеде Гоце Ојлески, кој доби дополнителна покана за приклучување кон националниот тим.

Средбата меѓу Македонија и Романија е закажана за денеска со почеток во 18 часот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *