Македонија оди на сè или ништо: Лазаров ги избра ракометарите (Фото)

Македонската ракометна репрезентација денеска ја очекува дуелот со Португалија во рамки на второто коло од Европското првенство.

Селекторот Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за овој натпревар, а охрабрувачка вест за „црвено-жолтите“ е враќањето во составот на Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои ќе бидат на располагање за новиот предизвик.

Средбата меѓу Македонија и Португалија ќе се одигра вечерва од 18 часот во Хернинг.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *