Вардар доживеа дебакл на првата контролка во Турција – прими шест гола!

Екипата на Вардар, која моментно ја држи лидерската позиција во Првата македонска фудбалска лига, не најде ритам на првиот контролен натпревар за време на подготовките во Анталија. „Црвено-црните“ беа надиграни од чешкиот Јаблонец со убедливи 2-6.

Противникот уште во првото полувреме воспостави целосна контрола и замина на пауза со високи 4-0, а во продолжението ја зголеми предноста и до 6-0. Во финишот од средбата вардарци успеаја да реагираат и со два погодоци да го направат поразот поподнослив.

Стрелци за македонскиот шампион беа Ибрахим Олаосебикан и Диего Кастанеда.

Вардар продолжува со пријателските средби во Турција, а следниот тест го очекува на 20 јануари, кога за ривал ќе го има тимот на Андијон од Узбекистан.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *