Вардар и ракометарот Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш, со што Борозан станува слободен да избере нов клуб.
Во периодот поминат во Вардар, Борозан беше дел од тимот на важни натпревари на домашната и европската сцена, а со својот професионален однос даде значаен придонес во работењето на екипата.
Клубот му се заблагодари за сè што направи во дресот на Вардар и му посакува многу среќа, здравје и успех во понатамошната кариера.

Leave a Reply