Денеска во својот втор натпревар од „Жолтиот куп“ во Винтертур, Швајцарија, најдобрите македонски ракометари триумфираа над Украина со 31:26.
Иако на полувремето водеа Украинците со 17:13, избраниците на селекторот Кирил Лазаров направија целосен пресврт во вториот дел и дојдоа до втората победа на турнирот.
Потсетување, нашата селекција стартуваше победнички на турнирот во швајцарскиот град над Бахреин со 32:28.
Последниот трет меч Македонија ќе го има в сабота од 18.00 часот против домаќинот Швајцарија.

Leave a Reply