Навивач на Вориорс збесна – брутално претепа фан на Милвоки! (Видео)

И покрај победата на Голден Стејт Вориорс над Милвоки Бакс од 120-113, натпреварот одигран во „Чејс Центар“ ќе се памети по немилите сцени на трибините, а не по случувањата на паркетот.

Во текот на мечот изби сериозен инцидент меѓу дел од навивачите, кој брзо ескалираше во отворена тепачка. Според снимките што масовно се споделуваат на социјалните мрежи, најжесток во конфликтот бил навивач облечен во дрес на домашниот тим. На видеото јасно се гледа како тој со повеќе удари го напаѓа другиот навивач, кој во обид да се заштити ги покрива главата и лицето со рацете.

Инцидентот фрли голема дамка врз спортскиот настан и повторно го отвори прашањето за безбедноста и однесувањето на публиката на НБА-натпреварите.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *