Падна важен потпис во Вардар: Тодоровски останува до 2028!

by

in

ФК Вардар официјално потврди дека играчот за врска Димитар Тодоровски потпиша нов договор со „црвено-црните“, кој ќе важи до јуни 2028 година.

Раководството на клубот е исклучително задоволно од досегашните настапи на младиот фудбалер, како и од неговиот начин на работа, дисциплината, упорноста и желбата за напредок. Токму тие карактеристики, според Вардар, се клучни показатели дека Тодоровски има потенцијал за сериозна и успешна иднина во дресот на најтрофејниот македонски клуб.

Договорот беше официјализиран на заедничко задоволство со што клубот јасно ја потврди довербата во неговиот развој и улога во идните планови.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *