Димитријевиќ може да се пресели во гигант со кој ќе игра во Евролигата!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно е на радарот на евролигашките клубови и би можел да се врати меѓу елитата, пренесуваат вечерва повеќе европски медиуми.

Како што се наведува, Димитријевиќ е на излезна врата од рускиот Зенит, а како најсериозна опција за продолжување на кариерата се споменува Баерн Минхен. Баварскиот клуб неодамна го промовираше искусниот Светислав Пешиќ за нов шеф на стручниот штаб, што дополнително ја засилува можноста за ваков трансфер.

Сезонава македонскиот плејмејкер настапува солидно во ВТБ лигата со просек од 12 поени, 5,7 асистенции и три скока по натпревар, но очигледно е мотивиран за нов обид во Евролигата, по не толку успешната епизода во Олимпија Милано.

Според истите извори, трансферот најверојатно би се реализирал преку размена, при што во спротивна насока би заминал канадскиот кошаркар Ксавиер Ратан-Мејс, кој моментално е дел од ростерот на Баерн.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *