Урнебесна сцена во НБА: Се степаа џин и џуџе! (Видео)

Феникс Санс дојде до вредна победа на гостувањето кај Њу Орлеанс со 120-114, но наместо резултатот, во фокусот по натпреварот се најде инцидентот што се случи на паркетот и целосно ја засени кошаркарската приказна.

Искрата се појави по еден офанзивен прекршок на Марк Вилијамс, кој предизвика бурна реакција и влезе во жестока расправија со Хозе Алварадо. Вербалниот дуел за кратко време прерасна во физички контакт, сцена која делуваше и помалку комично поради очигледната разлика во висината меѓу двајцата играчи. Благодарение на брзата интервенција на судиите и соиграчите од двата табора, ситуацијата беше смирена навреме и беше избегнат посериозен инцидент.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *