Поранешниот македонски селектор доби отказ!

Поранешниот македонски селектор Александар Јончевски повеќе не е на клупата на унгарскиот прволигаш Атомерму, откако клупското раководство оцени дека екипата не ги исполнува зацртаните амбиции.

Иако Атомерму моментално се наоѓа на седмото место на табелата со скор од седум победи и шест порази, во клубот не се задоволни од прикажаното на теренот, што резултираше со прекин на соработката со Јончевски.

„Нашиот клуб го раскина договорот со главниот тренер Александар Јончевски. Му посакуваме многу успех во иднина“, соопштија од редовите на Атомерму.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *