ФИФА објави нова листа: Познато на кое место Македонија ќе ја заврши годината

ФИФА денеска ја објави најновата ранг-листа на репрезентации, а македонската фудбалска селекција забележа мал чекор наназад. „Црвено-жолтите“ паднаа за една позиција и сега се наоѓаат на 66. место со вкупно 1.378 поени.

Падот доаѓа по слабите резултати во последниот период. Минатиот месец Македонија одигра без голови (0:0) во пријателски натпревар против Летонија во Скопје, а во завршниот меч од квалификациите за Светското првенство 2026 претрпе тежок пораз од Велс со 7:1 во Кардиф. Токму по овој дебакл, селекторот Благоја Милевски се повлече од функцијата.

Од Фудбалската федерација на Македонија информираа дека веќе е започната процедурата за избор на нов селектор. Комисијата ќе предложи домашен тренер кој ги исполнува утврдените критериуми, а конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.

На врвот на ФИФА ранг-листата нема промени. Шпанија и понатаму е лидер со 1.877 поени, пред Аргентина на втората позиција и Франција на третото место. Англија се наоѓа на четвртата позиција, додека Бразил ја заокружува првата петорка.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *