Миовски постигна гол за Ренџерс, но ВАР му ја скрати радоста (Видео)

Бојан Миовски беше во центарот на вниманието на дербито меѓу Ренџерс и Хартс, но неговиот погодок не беше доволен за да се избегне поразот.

Македонскиот репрезентативец стартуваше од првата минута и уште рано ја затресе мрежата, но ВАР-технологијата му го поништи голот поради офсајд.

По таа одлука, иницијативата ја презеде Хартс, кој за краток период ја искористи својата шанса. Стуарт Финдлеј и Лоренс Шенкленд со два брзи погодоци му донесоа водство од 2-0 на гостинскиот тим во рамки на 18. коло од шкотскиот шампионат.

Миовски остана на теренот до 74. минута, кога беше заменет, а Ренџерс дури во судиското надополнување успеа да го ублажи поразот, постигнувајќи гол за конечни 1-2.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *