Пелистер: Манасков не беше приведен, само повикан на информативен разговор

Раководството на Пелистер се огласи по шпекулациите поврзани со случувањата по ракометниот натпревар во Охрид, потенцирајќи дека нивниот играч Дејан Манасков не бил лишен од слобода, туку само бил повикан на информативен разговор во полициска станица.

Од битолскиот клуб информираа дека Манасков се појавил во СВР Охрид по покана на полицијата и по кратката постапка без никакви санкции си заминал дома, нагласувајќи дека информациите за негово приведување не одговараат на вистината.

„Ракометарот на Пелистер, Дејан Манасков, беше повикан на информативен разговор во СВР Охрид, по што е пуштен да си замине. Ги демантираме тврдењата дека станува збор за приведување“, стои во реакцијата на клубот.

Сепак, ваквото соопштение отвора дилеми, со оглед на тоа што првичните информации за наводното приведување на Манасков беа пласирани врз основа на податоци добиени од официјални извори во Министерството за внатрешни работи.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *