Во време кога европските клубови ангажираат менаџери и скаути што талкаат од стадион до стадион во потрага по следниот голем талент, кај нас сè уште владее добро познатата практика – оглас за работа.
Така, на веб-страницата на Агенцијата за вработување се појави несекојдневен оглас: ФК Тетекс, симболот на тетовскиот фудбал, официјално бара играч. За позицијата се нуди месечна плата од 24.400 денари и полно работно време од 40 часа неделно. Во делот за работно искуство стои само бројката „1“ – без објаснување дали се работи за една сезона, еден натпревар или можеби еден добро упатен шут.
„Доколку сте подготвени да станете дел од тимот – Тетекс го чека својот нов фудбалски херој“, гласи огласот.
Значи, ако отсекогаш сте сонувале да заиграте професионално и притоа да заработувате 24.400 денари, ова може да биде вашата шанса. Работното време е од 9 до 16 часот, со утрински тренинзи – класична понуда за едно навистина нетипично работно место.


Leave a Reply