Драматични сцени: „Чкембари“ и „Комити“ се бркаа низ битолските улици (Видео)

Пелистер извојува победа во големото ракометно дерби против Вардар со 28-23, но вистинската драма продолжи по завршувањето на натпреварот. Надвор од салата „Боро Чурлески“ дојде до инцидент меѓу двете навивачки групи.

Според видеото што кружи на социјалните мрежи, „Чкембари“ и „Комити“ се бркале едни со други низ битолските улици, при што настанала општа гужва.

На снимката јасно се гледа присуство на полициски службеници кои се обидуваат да ја смирaт напнатата ситуација и да спречат поголема ескалација.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *