Вардар веќе договорил ново засилување!

РК Вардар се подготвува со свежи имиња за следната сезона, а едно од нив е српското десно крило Вукашин Воркапиќ, играч на Војводина, кој од лето ќе пристигне во Скопје – објави „Mozzart Sport“.

Воркапиќ, 28-годишен репрезентативец, ја започна кариерата во Металопластика, а во 2021 година замина во Франција, каде две години настапуваше за Иври. Минатата сезона се врати во Србија и повторно стана еден од носителите на играта во Војводина.

Во редовите на Вардар доаѓа во период кога клубот планира промени на десната крилна страна. Мигел Пинто, Гоце Георгиевски и Ален Ќосевски ја покриваат оваа позиција сезонава, но со оглед на тоа што на Пинто и Георгиевски им завршуваат договорите, потребни се нови решенија – меѓу кои и Воркапиќ.

Црвено-црните добиваат уште едно засилување од Србија. Од јануари, тимот ќе го засили и бразилскиот репрезентативец Жоао Педро Да Силва, кој исто така доаѓа од редовите на Војводина.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *