Се појави фаворит за наследник на Гарбаја: Во Битола пристигнува поранешниот селектор на Словенија?!

by

in

Екипата на Пелистер остана без тренер откако Рубен Гарабаја си поднесе оставка по серијата слаби резултати, а јавноста веќе шпекулира со неговиот можен наследник.

Најсериозен кандидат за кормилото на битолскиот клуб е поранешниот селектор на Словенија, искусниот 58-годишен Борис Дениќ. Станува збор за стратег со богато искуство и силно реноме, кој моментално работи како советник за развој во Слован, клуб каде што во минатото ја извршуваше и тренерската функција пред доаѓањето на Урош Зорман.

Од Пелистер најавија дека новиот тренер ќе биде назначен по крајот на есенскиот дел од сезоната. До тогаш, тимот ќе го води спортскиот директор Звонко Шундовски, кој ќе ја заврши полусезоната на клупата.

View this post on Instagram

A post shared by Handballia (@handballia)


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *