Македонскиот напаѓач Бојан Миовски имаше викенд за паметење, откако со два погодоци го предводеше Ренџерс до убедливата победа од 3-0 над Килармнок.
Миовски беше убедливо најдобриот поединец на мечот и заслужено се најде и во идеалниот тим на колото.
Неговата извонредна партија не остана незабележана ниту од шкотската лига, која на своите социјални мрежи ги сподели двата гола на македонскиот напаѓач, придружени со описот: „Паметната завршница на Бојан Миовски“.
Да потсетиме, пред овој дуел Миовски беше под голем притисок и мета на критики во Шкотска, поради што ги исклучи својте профили на социјалните мрежи. Токму затоа ваквата поддршка сигурно му доаѓа во вистински момент.
Clever finishing from Bojan Miovski 🤝@RangersFC | @WilliamHillSPFL pic.twitter.com/DS47LhV4zI
— SPFL (@spfl) December 8, 2025

Leave a Reply