Тренерот на Ренџерс пресреќен поради двата гола на Миовски (Видео)

by

in

Бојан Миовски одигра блескав натпревар во дресот на Ренџерс, постигнувајќи два погодоци во убедливата победа од 3-0 над Килмарнок.

Со двата гола Миовски им одговори на критичарите и уште еднаш ја потврди довербата што му ја даде стручниот штаб.

„Многу разговаравме, а Бојан направи значителен чекор напред. Имаше неколку сериозни шанси и брзо се прилагоди на ритамот и условите. Навистина е прекрасно кога напаѓач ќе даде два гола. По мечот со Фалкирк му укажав на просторите што треба да ги користи и што очекувам од него. Кога работиш напорно – головите доаѓаат“, кажа Рол.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *