Алкалоид освои голем бод на гости кај Пелистер

Ракометарите на Алкалоид по голема драма стигнаа до бод кај Пелистер (26-26) во 14. коло од македонската Суперлига.

Пелистер беше одличен во првото полувреме кое го доби со 17-13, по што поведе и со 24-18 во вториот дел, но потоа Алкалоид влезе во одличен ритам и во завршницата успеа да обезбеди бод (26-26).

Најефикасен кај Пелистер беше Дејан Манасков со девет голови, додека Марко Стојковиќ запиша осум погодоци за Алкалоид.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *