Мекиќ пред мечот со Азербејџан: Во овој циклус ќе одлучува тимската хемија и енергијата

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва од 19 часот ќе се соочи против Азербејџан во првиот меч од претквалификациите за ЕП 2029.

Мекиќ вели дека е подготвен да го даде максимумот на натпреварите кои следат со Македонија.

„Како што е веќе познато, во секој нареден циклус имаме нов состав. Се надевам на одлична, пред се, тимска хемија, затоа што, за разлика од летото, имаме спој на младост и искуство. Имаме играчи како Војдан Стојановски, потоа Стојан Ѓуроски, тука е и Андреј Јакимовски… сигурно на хартија сме подобра екипа од што бевме летоска. Пред се поискусна, подоминантна екипа. Се надевам на добри игри, на добри мечеви, на енергетски и тимски план, и на позитивни резултати“ – смета Мекиќ.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *