Миовски добива конкуренција во нападот на Ренџерс!?

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски би можел да добие сериозна конкуренција во Ренџерс, бидејќи клубот планира да се засили со нов офанзивец во зимскиот преоден рок.

Од неговото пристигнување во Глазгов, Миовски запиша 15 настапи во сите натпреварувања, а на својот биланс додаде два погодоци и една асистенција. Сепак, тие бројки не оставиле доволно силен впечаток кај стручниот штаб на поранешниот шампион на Шкотска.

Според написи во локалните медиуми, раководството на Ренџерс веќе работи на доведување нов напаѓач во јануари.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *