Несторовски ги шокираше Хрватите, два гола постигнал со – пукнато ребро!

Поранешниот репрезентативец Илија Несторовски беше главниот херој во убедливата победа на Славен Белупо над Славен Белупо со 4-1, па сосема заслужено се најде и во идеалниот тим на колото во ХНЛ. Посебно впечатливо е што напаѓачот даде два гола и покрај тоа што играше со напукнато ребро.

Хрватските медиуми со пофални зборови ја истакнаа неговата пожртвуваност, нагласувајќи дека Несторовски ги издржал болките и повторно блеснал. По натпреварот, тој откри и дека играл со пукнато ребро.

„Нема ништо драматично, само мало напукнување на ребро по еден дуел со голманот. Стиснав заби и одиграв, но тоа е помалку важно. Најбитно е што ги освоивме бодовите“, изјави македонскиот напаѓач.

Фудбалерот вели дека атмосферата и формата на тимот се во подем, а уверува дека Славен Белупо може да продолжи во ист ритам.

„Јага конечно почна да погодува, па си реков – време е и јас да дадам некој гол. Секако, на шега. Влеговме храбро и агресивно, и сосема заслужено дојдовме до победа. Ова ни е седми натпревар без пораз, формата ни е стабилна, а овие три бода нè доближија до врвот“, додаде Несторовски.

Оваа сезона тој има 11 настапи во хрватското првенство, на кои запиша три гола и исто толку асистенции.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *