Милан покажа кој е „газда“: Интер промаши пенал, Пулишиќ сервираше сурова одмазда (Видео)

Милан направи значаен скок на табелата во Серија А и стигна до второто место, откако во градското дерби го совлада Интер со минимални 1-0.

Кристијан Пулишиќ го реши дербито со погодок во првото полувреме, но најголемата заслуга за славјето несомнено му припаѓа на Мајк Мењан.

Францускиот чувар на мрежата беше во феноменална форма – неутрализираше неколку зрели шанси на Интер, а во продолжението на натпреварот и го одбрани пеналот на Хакан Чалханоглу, клучен момент што го спречи израмнувањето.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *