Силекс преку Мирчевски и Донов ја „нокаутира“ Македонија ЃП

Фудбалерите на Силекс ја започнаа 14. рунда од Првата македонска лига со важна победа од 2-1 над Македонија Ѓорче Петров.

Кратовчани тргнаа поагресивно и уште во 15. минута дојдоа до водство – Мирчевски одлично реагираше на нафрлување и со прецизен удар со глава го надмудри голманот Јанков.

Домашните продолжија во исто темпо и во 27. минута го удвоија водството. Донов се најде во вистинскиот момент и без проблем ја затресе мрежата на „лавовите“.

Македонија ЃП успеа да намали во 32. минута преку Пецов, кој реализираше по добра акција и го постави конечниот резултат (1-2).


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *