„Бомба“ на повидок во Битола: Пелистер може да се засили со легендарен словенечки ракометар!

Екипата на Пелистер би можела да направи вистински ракометен бум, бидејќи како што дознаваат регионалните ракометни медиуми, клубот е многу блиску до ангажман на словенечкиот ас Деан Бомбач.

Искусниот организатор на играта, кој по настапите за Кјелце и ПИК Сегед моментално игра во редовите на унгарски Ѓер, наводно сериозно размислува за промена на средината, а Битола се споменува како најреална опција.

Неофицијално, преговорите се веќе во понапредна фаза и трансферот би можел да се формализира многу брзо, дури и во следните неколку дена.

Доколку Пелистер го комплетира договорот, Бомбач ќе биде големо засилување на бековската линија и значаен адут за тимот кој го брани македонскиот шампионски трон.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *