Костадинов: Сите селекции играат цврст и агресивен фудбал, знаеме што нè очекува во Велс

Македонија одигра 0-0 против Летонија во пријателски меч пред тешкото гостување на нашата селекција во Кардиф.

Репрезентативецот Тихомир Костадинов вели дека не е задоволен од резултатот, но веќе со мислите е насочен кон пресметката со Велс.

„Имавме многу шанси, но голманот на Летонија беше на висина на задачата и имаше добри интервенции. Позитивно е тоа што не примивме гол, но не сме задоволни со нападот. Сите селекции веќе играат цврст и агресивен фудбал. Мислам дека Велс би можел да биде тим со уште поголема агресија, мора да бидеме подготвени на тоа и да се подготвуваме. Знаеме што нè очекува и за што играме, па ќе се потрудиме да бидеме максимално подготвени за тој дуел“, вели Костадинов.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *