Ѕвезда на Реал се заканила дека ќе замине ако Алонсо остане тренер

Реал Мадрид имаше добар почеток на сезоната, но сега се соочува со проблеми во соблекувалната.

Главен извор на немирите, според шпанските медиуми, е бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор, кој сè почесто го изразува своето незадоволство од тренерот Чаби Алонсо. Крилниот напаѓач неколку пати реагирал бурно по замените во завршниците од натпреварите, а иако подоцна се извинил за своето однесување, атмосферата во соблекувалната наводно е далеку од хармонична.

Новинарот Пепе Алварез објави дека Винисиус дури му поставил ултиматум на претседателот Флорентино Перез – или клубот ќе се раздели со Чаби Алонсо, или тој нема да го продолжи договорот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *