Наполи сака уште една ѕвезда на Манчестер Јунајтед

by

in

Коби Мејну беше поврзуван со заминување од Манчестер Јунајтед за време на летото и бараше барем позајмица, но управата го убеди да остане.

Мејну сепак не се наметна и оваа сезона има мала минутажа во дресот на Јунајтед. Поради тоа испадна од составот на англиската репрезентација и неизвесно е дали ќе патува на Светското првенство.

Наполи летоска покажа голем интерес и во јануари повторно ќе се вклучи во трката, па ќе се обиде да го донесе на позајмица со право на откуп.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *