Барселона покажува интерес за напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, пренесува „Газета дело Спорт“.
Неговиот договор со Јувентус истекува на крајот од сезоната, а каталонскиот гигант веќе бара заменик Роберт Левандовски.
Откако 25-годишниот фудбалер одби да го продолжи договорот со намалена плата, клубот од Торино го стави на трансфер листата ова лето, но не пристигнаа сериозни понуди за него и тој беше принуден да остане.
Интерес за Влаховиќ покажуваат уште Баерн Минхен и Тотенхем, но Барселона е во пол-позиција.

Leave a Reply