Тренерот на Раднички Крагуевац почина во текот на натпреварот(видео)

by

in

Тренерот на српскиот фудбалски прволигаш Раднички Крагуевац, Младен Жижовиќ, почина за време на денешниот натпревар со Младост во Лучани.

Четириесет и четиригодишниот Жижовиќ, кој работеше и во македонскиот фудбал како тренер на Шкупи, ненадејно падна покрај клупата во средината на првото полувреме.

Судијата веднаш го прекина натпреварот, играчите во паника повикаа помош, лекарите реагираа, беше ставен на носилка и однесен во болница, додека гледачите аплаудираа во знак на поддршка на 44-годишниот стручњак.

Сепак, по околу 15 минути пристигна информација дека Жижовиќ починал во болница.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *