Нов инцидент ја одбележа денешната фудбалска програма во Македонија, овојпат на натпревар од Третата лига помеѓу екипите на Беса (Слупчане) и Аеродром.
По последниот свиреж на судијата, атмосферата на теренот ескалирала, а голманот на гостинскиот тим бил брутално нападнат од лица од таборот на домаќините.
Според неофицијални информации, чуварот на мрежата на Аеродром со сериозни повреди бил пренесен во болница, каде му е укажана лекарска помош.

Leave a Reply