Скандалозна одлука на судијата го „закопа“ Олимпијакос во Барселона (Видео)

Фудбалерите на Олимпијакос доживеаја вистинска драма на гостувањето против Барселона, каде што по спорното исклучување останаа со играч помалку и на крај беа поразени со убедливи 1-6.

Во 57. минута Хезе доби втор жолт картон во ситуација која предизвика многу реакции – бројни фанови и аналитичари сметаат дека контактот повеќе личеше на прекршок од страна на играчот на Барселона, отколку на фудбалерот на Олимпијакос.

Според повеќемина, казната беше престрога и Хезе не требаше да биде исклучен.