Пеколна ноќ во Лондон: Симеоне долго нема да го заборави поразот од Арсенал

Арсенал забележа убедлива победа од 4:0 над Атлетико Мадрид, иако првото полувреме не најавуваше вакво издание во натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите.

Во вториот дел „топчиите“ целосно доминираа и за само 13 минути постигнаа четири погодоци – два преку Ѓокереш, а по еден додадоа Габриел и Мартинели.

Според новинарот Фабрицио Романо, ова е најтешкиот пораз во тренерската кариера на Диего Симеоне, кој повеќе од една деценија успешно го води мадридскиот клуб.