Ливерпул не може да запре, ќе потроши 75 милиони фунти за ново засилување!?

Ливерпул, кој летово вложи сериозни средства во засилувања, не планира да запре со трансферите. Според пишувањата на англиските медиуми, „црвените“ веќе ја имаат определено следната мета за зимскиот преоден рок.

Наводно, клубот од „Енфилд“ е подготвен да влезе во преговори со Борнмут за ангажман на нивната офанзивна ѕвезда Антони Семењо, кој сезонава се наметна како еден од најперспективните напаѓачи во Премиерлигата.

Изворите тврдат дека реализацијата на трансферот е сосема можно сценарио, бидејќи во новиот договор на Семењо постои откупна клаузула во висина од 75 милиони фунти.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *