Поранешниот македонски репрезентативец Остоја Стјепановиќ деновиве предизвика внимание на социјалните мрежи, откако објави фотографија од средба со еден од најуспешните фудбалски стратези на денешницата – Пеп Гвардиола.
Како што може да се види од објавата, средбата се одржала во приватен амбиент, во канцеларија, но Стјепановиќ не откри детали за што точно се разговарало. Познато е дека поранешниот играч за врска, кој во дресот на македонската репрезентација забележа 18 настапи, по завршувањето на активната кариера се посвети на менаџерската работа.
Во својата богата фудбалска кариера, Стјепановиќ настапуваше за низа клубови, меѓу кои Вардар, Работнички, Македонија Ѓорче Петров, Партизан, ОФК Белград, АЕЛ Лимасол и Чукарички.

Leave a Reply