Вардар преку Новаци до четвртфинале во купот

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Вардар, без многу мака ја мина пречката наречена Новаци и со сигурни 3:1 избори пласман меѓу осумте најдобри екипи во натпреварувањето.

„Црвено-црните“ од самиот старт покажаа дека нема да дозволат изненадување – уште во 9. минута Енис Спахиу ја затресе мрежата по една уфрлена топка во противничкиот шеснаесетник. Само десет минути подоцна, по слична акција, Омерагиќ го зголеми водството и веќе тогаш беше јасно во кој правец се движи мечот.

Новаци успеа да намали на 2:1 во самиот финиш на првото полувреме, кога Јовановски сигурно реализираше пенал. Но, тоа беше сè што успеаја да направат.

Конечните 3:1 ги постави Ворен во последните десет минути од натпреварот, потврдувајќи ја доминацијата на Вардар.

Со овој триумф, Вардар се приклучи на екипите на Силекс, Работнички, Детонит, Шкендија Арачиново, Охрид и Струга во четвртфиналето. Последниот патник ќе биде познат по дуелот меѓу Шкендија и Тиквеш, кој е закажан за следниот месец.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *