Денеска се одиграа натпреварите од осминафиналето на Купот на Македонија. Највпечатлива победа запиша Струга, која на гостински терен ја совлада Македонија Ѓорче Петров со убедливи 5:0.
Изненадување приреди тимот на Шкендија Арачиново, кој на стадионот во Сингелиќ славеше минимална победа од 1:0 против Пелистер – резултат што само ја продлабочува кризата на битолскиот состав, кој во домашното првенство има шест порази на девет одиграни натпревари.
Силекс, пак, со многу труд успеа да извојува победа од 2:1 на гостувањето во Куманово против упорниот Башкими.

Leave a Reply