Поранешниот шампион на Шкотска, Ренџерс, попладнево запиша шесто реми во сезоната откако на домашен терен одигра 2-2 со Данди Јунајтед.
Во дуелот се најдоа македонските репрезентативци Бојан Миовски и Кристијан Трапановски, а посебно задоволен може да биде фудбалерот на Данди Јунајтед.
Ренџерс прво поведе со 1-0, но во 66. минута Кристијан Трапановски маестрално шутираше од далечина и донесе израмнување.
Данди Јунајтед потоа повторно поведе преку Сибалд, но во 87. минута Таверние постигна погодок кој му донесе бод на Ренџерс.
Leave a Reply